Македонското сонце ги мами инвеститорите

Bez autora
Nov 18 2013

Голем е интересот за изградба на сончеви централи во Македонија. И втората квота што ја одреди Владата од 8 мегавати за производители на електрична енергија од фотонапонски централи по повластени цени е потрошена. Инвеститорите, главно домашни, сериозно се заинтересирани да вложуваат во бизнисот со зелена енергија. Тие од ресорното министерство бараат нова квота за поставување на сончеви панели коишто ќе ја претвораат сончевата енергија во струја, бидејќи Македонија заедно со Калифорнија е на врвот на листата во светот со најквалитетен пик на сончева енергија што достигнува од 1.380 до 1.520 киловат-часови пик на квадратен метар.

Македонското сонце ги мами инвеститоритеГолем е интересот за изградба на сончеви централи во Македонија. И втората квота што ја одреди Владата од 8 мегавати за производители на електрична енергија од фотонапонски централи по повластени цени е потрошена.

Инвеститорите, главно домашни, сериозно се заинтересирани да вложуваат во бизнисот со зелена енергија. Тие од ресорното министерство бараат нова квота за поставување на сончеви панели коишто ќе ја претвораат сончевата енергија во струја, бидејќи Македонија заедно со Калифорнија е на врвот на листата во светот со најквалитетен пик на сончева енергија што достигнува од 1.380 до 1.520 киловат-часови пик на квадратен метар.

И енергетските експерти ја поддржуваат оваа идеја, оти според нив бенефитот од зголемувањето на производството на струја од сонце ќе овозможи намалување на увозот, а со тоа ќе се трошат помалку евра за скапата увозна струја.

Од Министерството за економија велат дека идните активности во однос на зголемување на моќноста на повластените производители за фотонапонски електроцентрали зависат од резултатите кои ќе се добијат од дополнителните технички и финансиски анализи, како и од меѓуресорски консултации.

Во источниот дел на земјава, во Штип, две сончеви централи се целосно готови, а третата е во завршна фаза. Фотоволтаична централа ќе се гради и во Македонска Каменица, а во Кочани веќе е изградена вакви централа. На официјалната страница на Регулаторната комисија за енергетика се гледа дека во реонот на Делчево одобрени се осум повластени производители, во Скопскиот регион 15, во Битолскиот 6, во Вевчани две.

Од фотоволтаичните централи четири се поголеми и се со капацитет од 50 киловати, а најголемата од еден мегават е лоцирана во Новаци. Втората по големина и со моќност од 250 киловати е електраната во Штип.Цена достигнува до 260 евра за мегават-час електрична енергија произведена од сонце, а инвестицијата за ваков објект е над 3 милиони евра.

Со законските измени и либерализацијата на пазарот на електрична енергија производство на струја од сонце ќе се продава по пазарни услови на трговците на струја, како и на операторите и снабдувачите со електрична енергија.

Германија светски рекордер за соларна енергија

Светски рекорд во искористувањето на сончевата енергија за производство на електрична енергија остваруваат соларните електрани во Германија. Тие се во состојба за еден час да произведат и до 22 гигават-часови електрична енергија, што е еднакво на силата на 20 нуклеарни централи. Со ваква статистика не може да се пофали ниту една земја во светот, а за Германија тоа е една третина од нејзината енергетска потрошувачка.

Германија има инсталирано соларни електрани со капацитет што одговара на силата на фотоволтаичните паркови во остатокот од светот. Земјата со сончевата енергија покрива околу 4% од годишната потрошувачка на струја и таа планира да стане светски лидер во користењето на обновливи извори, а во моментот со нив покрива 20% од потрошувачката.

Израел ќе добие петта најголема централа во светот

Израел планира во 2014 година да започне изградба на соларна централа, која ќе стане петта најголема од ваков вид во светот. Како што објави Масхабле, идејата е дел од големата визија на Тел Авив за изградба на три структури од сличен тип, кои ќе ја ограничат зависноста на земјата од фосилните горива. Со тоа Израел ќе додаде вкупно 250 мегавати во енергетскиот сектор на земјата, а тоа е околу 2,5% од целокупната потрошувачка на оваа земја.

За изградбата на соларната централа ќе се инвестираат 1,1 милијарда долари, а таа ќе биде готова во 2016 година и ќе произведува 121 мегавати електрична енергија. Според експертите оваа енергија е доволно да снабди околу 40.000 станови со струја.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik